Едмонд Темелко: Во Албанија не сме гости туку Македонци на своја земја
Македонците од Мала Преспа Албанија со сите напори ќе се обидат да ја спречат новата територијална поделба што Владата на Албанија ја најавува за 2015 во кој ја нема единствената општина со македонски градоначалник, Општинат Пустец. Едмонд Темелко, градоначалник на Пустец, во интервјуто за Прес 24 вели дека сите опции се отворени, па и можноста на бојкоти и непослушност кон албанската држава.
- Толеранцијата на Македонците и воздржаноста од провокации не претставува слабост и охрабрување за злоупотреба, туку вредност на коегзистенција достојна за почитување! Ние Македонците не сме гости во Албанија, не сме ниту доселеници во Албанија. Ние сме Македонци на своја македонска земја во Албанија како во наша држава Албанија. Така работиме, така ќе работиме, одговорно владееме со државните работи на оваа земја, во афирмацијата и заштитата на правата и слободите на сите нејзини граѓани, на сите малцински етнички заедници во Албанија. Ние сме лојални државјани на Република Албанија, но доколку некој посегне по нашето постоење, ние ќе ги преземиме сите мерки па и бојкот и непослушност, вели во интервјуто за Прес24, Еднонд Темелко.
Укинувањето на општина Пустец ќе значи уништување на македонскиот културен идентитет на етничките Македонци. Тоа ќе биде катастрофа за македонскиот идентитет. Темелко во интервјуто ја потсетува Албанија дека Македонците во општина Пустец од секогаш и во предходниот комонистички систем биле во посебна единица. Апелира да не се дозволи укинување на ова право. Во новата општина кон која треба да се припо Пустец Македонците ќе ги изгубат сите елементарни права на едно малцинство, бидејќи таа општина сега има доминатно албанско население.
-И ние како политички субјект нема да можеме да имаме речиси никакво влијание во одлуките на таа општина и така цело крајбрежје од Преспанското езеро ќе се подели на нивни луѓе. Ќе се промени демографската структура на населението нормално и промена на составот на децата по школите, каде за некоја скора иднина ќе се доведе во прашање и учењето на македонскиот јазик, предупредува градоначалникот на Општина Пустец, во Интервјуто за Прес24.
Иако драфт верзијата на законот за територијална поделба не ја подржува опозицијата, сепак таа не може да го спречи нејзиното изгралсување, бидејќи за изгласување на законот потребни се 84 пратеници, а позицијата има 85.
-Право на изучување на свој мајчин македонски јазик, Правична затапеност на Македонците во сите институции на Република Албанија, полиција, судство, јавна администрација, учество во медиуми програма на македонски јазик на државната албанска телевизија, заштита на македонскиот фолкрор, култура и слободна вероисповед, ги посчува, Темелко, како човекови права што Македонците во Албанија ги бараат од тамошните власти, како унапрдување на човековите права, а не укинување и на оние малку права што сега ги имаат.
-Ние бараме од Македонија да потпише Договор за траен мир и добрососедство меѓу Албанија и Македонија и Договор за положбата и правата на Македонците во Република Албанија и на Албанците во Република Македонија, на заемна, реципроцитетна и рамноправна основа, вели во интервјуто за Прес24, Едмонд Темелко, градоначалник на Општина Пустец.
ПРЕС24: Албанските власти повторно внесуваат немир меѓу Македонците во Албанија со најавата за нова територијална подебла во која се предвидува бришење на општина Пустец. Колку овие најави можат да станат и реалност, односно да се реализира ваквата територијална поделба?
ТЕМЕЛКО: Драфт верзијата на албанската валада за нова територјална поделба или ``критериумите и методологијата на нова територјална поделба``, ги вознемире сите Македонци во Албанија. Бидејќи на таа драфт верзија општина Пустец беше избришана и споена со една соседна општина Појани(Полени) што е населена со чисто албанско население. Ние Македонците во општина Пустец, од секогаш и во предходниот комонистички систем, бевме во посебна единица. Тогаш Коператива, а сега Општина, заради тоа што ние сме од етничко македонско потекло и со тоа повеќе сме заштитени како такви, Македоници. Во Албанија веројатноста е голема да се реализраат некои работи што ги кројат политичарите за одредени цели, со изјави се глуми попустливост и демократија, а реално се оди по зацртаното, барем досегашното наше искуство тоа го има потврдено.
ПРЕС24: Правивте ли обиди за разговори со албанските власти во меѓувреме, кој е нивниот став? И кој е ставот на албанските политички партии за ова прашање?
ТЕМЕЛКО: За овој проблем ние чуствувеме загриженост од пред неколку месеци, па затоа го актуализиравме. Ние имаме направено неколку напори за запознавање на меѓународниот фактор во Албанија, исто така и позначајните политичари во Албанија. Тука можам да ја спомнам и средбата на Претседателот на Парламентот на Македонија, Трајко Велјановски со неговиот колега во Тирана Илир Мета, каде јавно кажа дека малцинствата ова територјална поделба нема да ги задира. Исто така овој драфт не го подржува и опозицијата, но не може да го сопре, бидејќи за изгласување на законот потребни се 84 пратеници, а позицијата има 85.
ПРЕС24: Што ќе значи за македонското малцинство бришењето на општина Пустец?
ТЕМЕЛКО: Тоа е страшна работа, бидејќи има реална можност да се промени демографската структура на населението и до асимилирање, или иселување на македонското население.
ПРЕС24: Каква ќе биде етничката структура на евентуалната нова општина во која ќе припадне Пустец? И во таков случај кои права ќе ги имаат Македонците. Постои ли можност да се изгуби правото на образование на мајчин јазик?
ТЕМЕЛКО: Општина Појан каде сакат да не припојат е една од најголеми рурални општини во Албанија. И ние како политички субјект нема да можеме да имаме речиси никакво влијание, во одлуките на таа општина и така цело крајбрежје од Преспанското езеро ќе се подели на нивни луѓе. Ќе се промени демографската структура на населението. Нормално и промена на составот на децата по школите, каде за некоја скора иднина ќе се доведе во прашање и учењето на македонскиот јазик.
ПРЕС24: Доколку сепк албанската Влада одлучи да ја избрише општината Пустец, како ќе реагирате и како македонско малцинство, но и како политички субјект во Албанија?
ТЕМЕЛКО: Ние ќе реагирама најостро со сите демократски методи во рамките на законите и Уставот на Република Албанија, со поддржка на меѓународниот фактор.
ПРЕС24: Можни ли се протести, бојкот на институции. Ќе барате ли поддршка за зачувување на општината?
ТЕМЕЛКО: Ние Македонците сме цивилизација на мирот и љубовта, а не на војната и омразата и затоа очекуваме и другите со кои живееме така да се однесуваат. Толеранцијата на Македонците и воздржаноста од провокации не претставува слабост и охрабрување за злоупотреба, туку вредност на коегзистенција достојна за почитување! Ние Македонците не сме гости во Албанија, не сме ниту доселеници во Албанија. Ние сме Македонци на своја македонска земја во Албанија како во наша држава Албанија. Така работиме, така ќе работиме, одговорно владееме со државните работи на оваа земја, во афирмацијата и заштитата на правата и слободите на сите нејзини граѓани, на сите малцински етнички заедници во Албанија. Ние сме лојални државјани на Република Албанија, но доколку некој посегне по нашето постоење, ние ќе ги преземиме сите мерки, па и бојкот и непослушност.
ПРЕС24: Господине Темелко, колку Македонци живеат во овој регион, а колку вкупно во Албанија?
ТЕМЕЛКО: За бројот на Македонците во Албанија нема точна бројка, бидејќи Албанија уште нема направено фер пописи каде слободно може секој да се изјасни таков каков што е. Албанските власти шпекулираат само со Македонците во општина Пустец, бидејќи не признават офицјално постоење на Македонци надвор од општина Пустец, заборавајќи го постоењето на Македонците во Голобрдо во Гора, Билишта, Корча, Подградец, Елбасан, Драч и Тирана.
ПРЕС24: Честопати предупредувате дека правата на Македонците во Албанија не се на потребното ниво. Што е она што го барате од Албанија како држава?
ТЕМЕЛКО: Македонците во Албанија барат основни човекови права како признавање на постоењето на Македонците во цела територија на Република Алабанија, не само во општина Пустец, право на изучување на свој мајчин македонски јазик, правична затапеност на Македонците во сите институции на Република Албанија, полиција, судство, јавна администрација, учество во медиуми програма на македонски јазик на државната албанска телевизија, заштита на македонскиот фолкрор, култура и слободна вероисповед.
ПРЕС24: Вашата партија, но и останатите малцинства во Албанија не ги признваат реузлтатите од пописот. Најавувавте разни начини и жалби пред меѓународните институции. Има ли некоаков ефект од бојкотот?
ТЕМЕЛКО: Албанија е составена од мултиетничко, мултикултурно и мултиконфесионално општество, меѓутоа во неа Македонците мора да бидат еднакви меѓу еднаквите и рамноправни со рамноправните. И затоа заедно со останатите заедници во Албанија барвме да има попис на населението каде ќе има графа на етничка припадност и каде секој слободно ќе се декларираше таков каков што е. И според тие резултати да се крерират политики за малцинствата.
Но за жал 2011 година се направи лош и фалсификуван попис. Каде во законот за попис последен момент се смена формуларот и немаше пишана графа за етничка припадност и со амандман се донесе закон за казна од 1000 долари за сите граѓани што ќе се декларират како не Албанци, а во матичните книги се внесени како такви. Затоа ние заедно со останатите малцинства во Албани го бојкотиравме пописот и не ги признавме резултатите од тој попис. Имаше голем ефект. То може да се види на последниот прогрес рапорт на Совето на Европа за Албанија каде јасно и укажува на Владата Р.Албанија дека не треба да се базира на резултатите од последниот попис при крирањето на политики за малцинствата, бидејќи тие беа нереални и не беа признати од сите малцинства во Албанија.
ПРЕС24: Како го оценувате развојот на Мала Преспа и на Пустец како општина за времето додека Вие сте градоначалник?
ТЕМЕЛКО: Општина Пустец беше отфрлена од развојот на Албанија како слепо црево, намерно немаше никакви инвестици се со цел да се иселеат македонците. Но, ние Македонската партија МАЕИ 2007 и рековме стоп на таа политика. И од тогаш радикално е смената сликата за општина Пустец со подобрување на патната инфраструктура. Тука ќе споменам рализирање на неколку позначајни проекти, асвалтирање на патот Смблак –граничен премин, проект на Светска Банка, изградба на нов граничен премин, проект на Европска Унија, асфалтно поврзување на селата со главниот пат и тоа на селата Пустец, Жулин, Туминец и Горна Горица инвестици на општина Пустец, и други проекти за водовод и канализација. Сакам да го споменам и одбележувањето на сите месни топоним и улици со имиња од македонската историја.
Успавме да го вратиме македонското име на општина Пустец во Собранието на Република Албанија, со што е исправена една историска неправда. Тоа е историска придобивка на Македонците во Албанија и поттик за натамошно унапредување на нивната положба и права. И ред други помали проекти..
ПРЕС24: Прави ли доволно Македонија како држава за правата на своето малцинство во земјите од соседството?
ТЕМЕЛКО: Ние сме лојални државјани на Република Албанија, но истовремено, сме горди на историската вистина, дека сме неотуѓив и нераскинлив дел од македонскиот народ, чија матична држава е Македонија. Незаменлива е помошта од Македонија. Прашање на опстанок беше граничниот премин Горица-Стење. Ние Македонците од општина Пустец тоа го почувствувавме. Затоа со сите сили барвме отворање на граничниот премин Џепишта-Требишта. За ова и се заблагодарамувам на Владата на Република Македонија, коа ќе ги задржи Македонците во Голо Брдо. Ни сме речиси во секојадневна комуникација со Амбасадата на Р.Македонија во Тирана. Но, сепак има можност за повеќе грижа и помош од Македонија.
Ние бараме од Македонија да потпише Договор за траен мир и добрососедство меѓу Албанија и Македонија и Договор за положбата и правата на Македонците во Република Албанија и на Албанците во Република Македонија, на заемна, реципроцитетна и рамноправна основа. Ги посакуваме правата и слободите на Албанците во Македонија и за Македонците, Грците, Власите, Ромите, Србите, Црногорците и Еѓиптјаните во Албанија, посакуваме еднаквост на граѓаните пред Уставот и законите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа