Старец од Охрид застрелал куче па го фрлил во река

 

79-годишен охриѓанец се забавувал пукајќи во воздух, па направил голема штета.

Се работи за  Ц.Ч од Охрид кој со ловен карабин испукал два куршуми при што усмртил едно куче, а предизвикал и оштетување на патничко моторно возило марка „пежо“. 

Старецот забележал дека во куќниот двор кучето му ги јаде патиките, па влегол во куќата на неговиот син и без негово знаење ја зел неговата пушка и започнал да пука во зодхух при што го погодил најнапред возилото во близина на резервоарот за гориво а потоа го усмртил кучето по што го фрлил во блиската река.

 

најчитано сега