Кире Кочанковски го фати светиот крст во Битола

 

 Најсреќниот кој го фати светиот крст фрлен во водите на базенот од храмот „Свети Димитриј“ во Битола е дваесетгодишниот битолчанец Кире Кочанковски.

 Тој прв пат учествува на оваа манифестација. На свечениот чин му претходеше богослужба што ја одржа митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г.Петар, а потоа дваесеттина момчиња скокнаа во црковниот базен во потрага по светиот крст.

„Бидејќи првпат учествував на оваа манифестација потајно посакував да го фатам светиот крст. Желбата ми се исполни и среќен сум“, изјави Кочанковски.

Момчињата што го фатија светиот крст добија пригодни награди и подароци

19.01.2014 - 12:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега