Иницијатива на Коце Трајановски: Универзалната сала да се вика Тоше Проески

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, одлучи да поведе иницијатива до Советот на Град Скопје, Универзалната сала во главниот град да се именува во Тоше Проески. Според нашите информации, на првата наредна седница на Советот, советниците ќе одлучуваат по ваквата иницијатива на Коце Трајановски. Скопскиот градоначалник има поддршка од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје за неговата иницијатива Универзалната сала да се вика Тоше Проески. 

Скопскиот централен објект за организирање на приредби кој уште со самата градба е одраз на солидарноста и му е подарена на Градот во услови на голема тага и загуба по земјотресот во 1963 година, заслужува вакво име.

Од друга страна, името и делото на Тодор Тоше Проески ги “урнаа“ границите ширум Балканот и Европа и оставија незаборавен белег за гордоста на нашата држава. 

18.01.2014 - 23:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега