Шуми им остава на сопругата и децата богатство вредно милијарда евра

Соред тестаментот кој што го направил во 2009 година, седумкратниот светски формула 1 шампион Михаел Шумахер на своето семејство им оставил богатство од една милијарда евра. Парите ќе ги наследат неговата сопруга и деца. Тестаментот Шумахер го направил по големата несреќа со мотор која ја доживеал тогаш во Шпанија. Во моментов легендарниот возач се наоѓа во кома, откако се здоби со тешки повреди при пад за време на скијањето на француските алпи. Засега лекарите не можат да дадат прогонзи за неговата состојба. 

 

 

16.01.2014 - 20:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега