Радио Слободна Европа продолжува со работа
Процесот во Конгресот на САД не е завршен и нема одлука за укинување на Радио Слободна Европа на јужнословенските јазици, вели главниот и одговорен уредник на Радио Слободна Европа, Ненад Пејиќ.
- Ако такво нешто се случи, Радио Слободна Европа ќе биде прва која за тоа ќе ги извести своите слушатели и читатели, изјави Пејиќ.
Изгледа, нагласи, на секои неколку месеци, на Балканот се појавуваат вести за укинување на Радио Слободна Европа, додавајќи дека идеите за тоа се појавуваат последниве неколку години за време на усвојувањето на буџетот.
- Конгресот на САД, кој ја финансира Радио Слободна Европа, никогаш до сега нема поддржано таква идеја. Истиот процес на усвојување на буџетот се случува и сега во Вашингтон, посочи Пејиќ, прецизирајќи дека сличните идеи се појавуваат мотивирани од финансиски причини.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа