Кои ќе бидат новите лустратори?
По денешната седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата се очекува конечно да бидат познати имињата на новиот состав на Комисијата за верификација на факти.
На конкурсот кој заврши минатата недела пристигнале 24 кандидатури, меѓу кои има адвокати, поранешни пратеници, професори, новинари, публицисти...
Освен членовите на Државната комисија за верификација на факти, денеска се очекува да биде познат и Предлогот за тоа кој ќе биде претседател и заменик на оваа Комисија, а исто така денеска е последен работен ден за стариот состав на Комисијата за верифицкација на факти, чиј претседател Томе Аџиев, ќе одржи прес-конференција на која ќе зборува за сработеното во изминатите пет години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа