Зошто молчат докторите - што се случува со Шумахер?

Михаел Шумахер е во кома веќе трета седмица по скијачкиот инцидент во францускиот центар Мерибел, а по соопштението на сопругата Корина дека бара од медиумите да го изостават притисокот врз нејзиното семејство, се уште нема никаква друга официјална информација, пишува порталот Дерби.

Според германскиот весник Билд, состојбата е непроменета и се уште се води како критична, а молкот на докторите се заснова на тоа дека се уште немаат чиста слика за последиците од повредата.

- Докторите сакаат да видат кои делови од мозокот се повредени или оштетени, а кои функционални. Не е јасно кога ќе има официјална информација, но може да поминат седмици, па дури и месеци,- се вели во објаснувањето.

Претходно беше речено дека успешно е решен проблемот со крварењето во главата по падот и дека седумкратниот првак е ставен во вештака кома со цел да се намали отекувањето на мозокот како последица на ударот. Според прогнозите на дел од докторите во медиумите, колку подолго е во кома, Шумахер ќе има потешка рехабилитација.

13.01.2014 - 20:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега