Владата ги прифати измените на законите за медиуми

 

Веднаш по гласање на законите за медиумите во Собранието на Република Македонија, на првата владина седница беа предложени и поминаа законските измени. Тие се веќе во собраниска процедура и очекуваме да бидат усвоени, рече вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими по денешниот со министерот за правда Блерим Беџети во рамки на ЕУ/ИПА институционалните посети, предвидени во Агендата ЕУ 2014 на СЕП.

- Како што беше договорено на состанокот и најавено на прес конференцијата на министерот Иво Ивановски и Здружението на новинарите на Македонија, ги поддржуваме напорите за продолжување на дијалогот меѓу Министерството за информатичко општество и јавна администрација и ЗНМ и во однос на другите теми кои треба да се дискутираат во областа на медиумите, што е една од заложбите на Владата, рече Бесими.

Бесими потенцираше дека слободата на изразување е гарантирана со Уставот на Република Македонија.

- Ние сме целосно посветени на реформската агенда за европските интеграции и нема ниту една тема што може да не дефокусира од нашата заложба од евроинтеграции и за евроатланската иднина на Република Македонија. Покрај фактот дека ние добиваме пета препорака по ред, остануваме активни во однос на реформите, рече Бесими.

Вицепремиерот задолжен за евркопски прашања најави дека наскоро ќе има средби за пристапниот дијалог на високо ниво, и како што рече, тоа може да биде наредниот месец.

- Важно е да се реализираат препораките од Извештајот на ЕК, како и политичкиот дијалог. Да покажеме напредок од наша страна. Мислам дека ние во тој дел сме сериозно ангажирани и следниот состанок на пристапен договор на високо ниво, рече Бесими.

Во однос на препораките на Европската комисија кои се во надлежност на ресорното Министерство, Бесими истакна дека секогаш ги разгледуваат и пристапуваат кон препораките и работат во континуитет на сите укажувања кои се дел од извештајот. 

13.01.2014 - 14:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега