Штипјани претепани додека си седеле во кафана
Двајцата штипјани Г.Ј. и В.Н. си заработија ќотек во кафаната „Гроф“ во Штип.
53 годишниот К.М. без никаква причина го нападнал 35 годишниот Г.Ј., а кога В.Н. се обидел да го смири, К.М. го истурил бесот и врз него. Двајцата штипјани си заработиле повреди на лицето и главата.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
13.01.2014 - 12:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа