За три дена 19 сообраќајки во Скопје
Во текот на изминатите три дена, на подрачјето на Град Скопје и неговата околина се случиле 19 сообраќајни несреќи.
Во петокот се случиле вкупно пет сообраќајни незгоди, од кои три се со последица материјална штета, две со последица телесни повреди. Полесни повреди заработиле еден возач и еден сопатник.
Сообраќајната полиција евидентирала и три незгоди со мала материјална штета во кои е пополнет Европскиот извештај.
Во саботата се случиле девет сообраќајни незгоди, од кои шест се со последица материјална штета, две се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле пет лица. Во саботата се случила и една незгода со последица тешки телесни повреди, во 11:30 часот на улицата „Еден“ во село Арачиново. Во сообраќајката учествувале патничко моторно возило „Голф“ со кумановски регистарски таблички, управувано од кумановчанец и пешак, граѓанин на Скопје. Со тешки телесни повреди се здобил пешакот и со возило е пренесен во болницата „8 Септември“ каде задржан на лекување.
Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случиле и три незгоди со мала материјална штета во кои е пополнет Европскиот извештај.
Во неделата сообраќајната полицијата евидентирала вкупно пет сообраќани незгоди. Сите се со последица материјална штета.
За време на викендот биле откриени и санкционирани 43 возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол. Петмина возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и 26 возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците. Санкционирани се и 37 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилата, 34 возачи кои ги паркирале своите возила на пешачките премини или во зона на крстосница и на автобуските стојалишта.
Специјалното возило „пајак“ викендов отстранило 171 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
За денеска нема најавено вонредни настани и се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа