Сквернавени гробовите на црква во скопско Волково

 

 

Утрово околу 8 часот и 20 минути, лицето Љубе Барнарчевски, вработен како клисар во црквата Свети Анастасиј и Света Петка во скопското село Волково, пријавил во полициска станица дека се бутнати неколку надгробни плочи од црквата.

Клисарот пријавил дека насилно била отворена вратата од црквата по што биле сквернавени гробовите, а исто така, бутната била и огласната табла од црквата во селото.

Полицијата работи на случајот.

12.01.2014 - 11:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега