Братот на Али Ахмети ја предизвикал сообраќајката кај Зајас во која загина едно лице

 

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа на патот Зајас - Кичево. Според информациите на Република, во несреќата едно лице го загубило животот, откако патничко моторно возило удрило во трактор што сообраќал без светлосна сигнализација. По ударот, возачот на автомобилот загубил контрола и излетал на другата коловозна лента, при што дошло до уште еден судир, овојпат со комбе. За жал, возачот починал на местото на настанот.

Како што јавува Република, со тракторот управувал братот на Али Ахмети, Ведат Ахмети.

Подетални информации се најавени за подоцна.

11.01.2014 - 10:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега