Што вели полицијата за тепачката меѓу Палоши и директорот на Македонија пат?

 

Веста за вчерашниот инцидент во холот на Градежниот факултет, кога професорот Вулнет Палоши од Тетовскиот Универзитет го претепа актуелниот директор на Македонија пат, Гајур Кадриу, излезе и во полицискиот билтен. 

-На 09.01.2014 година, околу 13,15 часот, на бул. „Партизански Одреди“ во Скопје во холот на Градежен факултет, Г.К.(52) бил физички нападнат од В.П.(63) удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на телото, по што истиот бил нападнат и од синот на В.П., В.П.(22), кој го удирал во пределот на рацете и нозете, нанесувајќи му повреди. На Г.К. му е укажана лекарска помош во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде се констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во полициското соопштение.

Инаку,  професорот Вулнет Палоши од Тетовскиот Универзитет, беше и директор на Фондот за патишта во владата на Љубчо Георгиевски и ДПА, а во моментов важи за остар критичар на владата по прашањата за инвестициите во инфраструктурата .

 

10.01.2014 - 14:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега