Почнува проектот SENSOR - колку се безбедни патиштата во Македонија?
Aвтомото сојузот на Македонија денеска ќе почне со имплементацијата на меѓународниот проект „SENSOR“ за безбедносна процена на автопатските рути во Југоисточна Европа - ЈИЕ и во Република Македонија.
Проектот е финансиски поддржан од транснационалната програма за соработка во ЈИЕ и ЕУ, а се спроведува согласно методолoгијата на европската програма за оцена на патиштата Euro-RAR. Целта на проектoт е да се утврдат високоризичните делници, нивно категоризирање и изработка на препораки за прецизни инвестиции во безбедносниот сегмент на патиштата.
На официјалното започнување на проектот ќе присуствуваат министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и директорот на Јавното претпријатие за државни патиште Љупчо Георгиевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа