Секоја чест: Сопственик го продава ресторанот за да и помогне на болната келнерка

 

Многу луѓе на светов до сега ја покажаа својата хумана страна и ни ја вратија вербата во човештвото, но овој човек дефинитивно може да ја понесе титулата најхуман човек на годината. Верувале или не, менаџерот и сопственик на ресторан, Мајкл Де Бејер, го продава бизнисот само за да и помогне на својата вработена на која итно и треба помош.

Како што пренесуваат светските медиуми, овој човек од Тексас го продава ресторанот во кој работи цели 15 години за да и помогне на својата 19-годишна келнерка Бритни Метис која мора итно да се оперира поради тумор на мозокот. 

- Не можам да седам со скрстени раце за ова девојче. Не би можел да живеам со тоа. Не би бил среќен никогаш ако јас заработувам од овој ресторан и живеам убаво наместо да помогнам да се спаси еден млад живот, вели сопственикот.

Дефинитивно овој човек заслужува голема почит!

 

09.01.2014 - 09:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега