Кривична за убиецот на младиот кавадарчанец
Кавадарчанецот кој е приведен поради сомнение дека до смрт претепал 32-годишен сограѓанин, со кривична пријава денеска ќе биде изведен пред јавен обвинител.
- По преземени оперативно-тактички мерки во соработка со Основното јавно обвинителство Велес, во вторникот вечерта, во 18.50 часот, од слобода е лишено лице за кое постојат основи за сомнение дека сторило кривично дело убиство. Лицето со кривична пријава во текот на денешниот ден треба да биде изведено пред надлежен јавен обвинител, информира портпаролот во СВР Велес, Анита Стојковска, пренесува МИА.
Според досегашните сознанија и документираниот материјал, кавадарчанецот ја сретнал својата жртва на 30. декември околу 8:15 часот, на улицата „Ваташа“ во Кавадарци. Потоа крвнички го претепал, удирајќи го со раце и со нозе во пределот на главата и телото. Откако го претепал, насилникот заминал во непознат правец.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа