Уапсен убиецот на момчето кое беше пронајдено во подрум во Кавадарци
Приведен е кавадарчанецoт кој е одговорен за претепувањето на момчето кое беше пронајдено мртво во подрум во зграда во Кавадарци.
Портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска за МИА потврдила дека лицето е приведено и дека полицијата го расветлува случајот.
- Во полициската станица од општа надлежност во Кавадарци приведено е лице во врска со претепувањето и убиството од пред неколку дена. Приведеното лице е од Кавадарци и во моментов се работи со него, вели Стојковска за МИА.
Повеќе детали се најавени во текот на денот.
08.01.2014 - 09:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа