Прилеп: Ја испуштил ловџиската пушка па случајно се застрелал во рака
Прилепски ловџија вчера имал незгода, во периодот околу 11:30 часот на местото Ореов Дол лоцирано меѓу селото Вепрчани и Дуње-Прилеп, откако несмасно ја испуштил пушатата која при ударот во земја испукала една сачма која го погодила во левата рака. Истиот е пренесен во ГОБ-Прилеп, каде му е констатирана тешка телесна повреда и е препратен во КЦ-Скопје. За настанот е известен Јавното обвинителство.
06.01.2014 - 14:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа