Падна крв во двор во скопска куќа - со нож го прободел соседот

 

Вчера во 16,10 часот во Скопје по вербалната расправија помеѓу двајца соседи на улицата „Гвадалахара“ лицето Г.Ј. од Скопје, откако претходно било нападнато со тупаници во пределот на главата, од страна на неговиот сосед И.М., земал нож и му нанел убодни рани во пределот на левата бутина, левата страна на стомакот и ребрата. Веднаш потоа со помош на лицето Б.В. повикале Брза помош, по што И.М. бил пренесен во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ каде лекарите му констатирале сериозни повреди. Полициските служби веднаш се упатиле на местото на настанот при што земале форензички докази, ги обезбедиле кујнските ножеви, траги слични на крв, како и делови од облеката на двајцата инволвирани во инцидентот. Лицето Г.Ј. било приведено во полициската станица во Чаир. 

 

 

06.01.2014 - 14:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега