Путин е првиот руски лидер што ќе ја посети Алјаска
Рускиот претседател Владимир Путин ќе биде првиот руски лидер што ќе ја посети Алјаска кога ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во американската држава во петок.
За време на советската ера, Никита Хрушчов, Алексеј Косигин и Леонид Брежњев ги посетија САД, Михаил Горбачов ги посети САД три пати, а Борис Елцин пет пати.
Поранешните премиери Виктор Черномирдин, Сергеј Степашин и Михаил Касјанов, исто така, ги посетија САД.
Како руски претседател, Дмитриј Медведев ги посети Хаваи, Њујорк и Питсбург, додека Путин ги посети Њујорк, Тексас, Мериленд, Џорџија и Мејн. Последната посета на руски претседател на САД беше пред десет години, во септември 2015 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа