Заеднички патроли за контрола на границата меѓу Србија и Хрватска
И Србија и Хрватска се договорија за воведување на заеднички патроли кои ќе ги контролираат границите меѓу двете земји. Ова беше договорено вчера во протоколот кој беше потпишан во воената вила „Моровоч“ во близина на Шид. Потписници беа директорите на полицијата на Србија и Хрватска. Самиот протокол предвидува заштита на гранцита меѓу двете земји во реонот од пет километри.
Полициите ќе соработуваат и ќе разменуваат информации за безбедноста во пограничната област. Двете земји заемно ќе се помагаат во примената и толкувањето на протоколот, а се предвидува и заедничка обука на патролите.
По потпишувањето на протоколот директорите на полицијата на Србија Милорад Вељовиќ и Хрватска Владо Доминиќ го истакнаа значењето на заедничката контрола на државните граници во време, кога Хрватска влегува во ЕУ.