Прво па машко, Икер Касиљас доби син

Икер Касиљас го доби најубавиот новогодишен подарок. Тој и неговата сопруга, спортската новинарака Сара Карбонеро вчера добија син кој го крстија Мартин.

„Сакам со вас да го споделам најважниот и најемотивниот момент во мојот живот, раѓањето на мојот син“ – изјави Икер за јавноста.

Според  информациите од шпанските медиуми, бебето со тежина од 3.850 грама, било родено со царски рез и тоа и мајка му се во одлична здравствена состојба.

Раѓањето на првото дете на шпанскиот голман, беше причината поради која вчера голманот на  „кралскиот клуб“ не отиде на пријателскиот натпревар против ПСЖ.

04.01.2014 - 13:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега