Заев не го понудил својот имот како гаранција за Шиповиќ
Раководството на СДСМ не го понудило својот имот како гаранција, Претседателот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ да се брани од слобода. Иако опозицијата во повеќе наврати тврдеше дела со свој имот гарантира за својот сопартиец, Кривичниот суд во Скопје преку соопштение со јасен демант. Од СДСМ никој не понудил имот како гаранција.
„Освен јавно декларираното не се точни наводите дека дополнително раководството на СДСМ понудило по форма и содржина сопствен имот како дополнителна гаранција во текот на постапката за обвинетите да се бранат од слобода, бидејќи такви гаранции до сега не се доставени на одлучување на овој суд“ - стои во писмното соопштение објавено на сајтот на Основниот суд во Скопје.
Од таму велат дека не се точни наводите дека Шиповиќ самоиницијативно се вратил во Македонија бидејќи како што стои во соопштението, тој во земјава бил испорачан со постапка на екстрадиција по судска потерница.
Судот апелира потенцира дека сите мерки се согласно законот
„ Судот ги отфрла сите наводи за одолговлекување и долго траење на постапката како и дека обвинетиот Шиповиќ и неговите соработници се политички затвореници, бидејќи во конкретниот случај не се работи за затвореници или осудени лица, туку за лица на кои им е определена мерка за обезбедување присуство на обвинетиот за успешно водење на кривичната постапка како законски предвидена мерка. Нејасни се и изјавите на лицата кои што протестираат дека се работи за политички прогон за прикривање на криминал од Скопје 2014 година, како и дека со дозволата да се бранат од слобода ќе се деблокира работата на општина Центар.
Судот како и повеќе пати досега укажува дека постапува и своите одлуки ги носи согласно Закон и Устав почитувајќи ги човековите права во текот на целата постапка која ја води согласно роковите предвидени во Законот за кривична постапка брзо и ефикасно со што преку примена на законот ги гарантира правата на лицата засегнати во постапката. Определената мерка притвор е законски определена мерка и истата е преиспитувана во повеќе фази во постапка од судии и совети на судии во овој суд и Апелациониот суд Скопје кои ја оцениле потребата од нејзино постоење“ - стои во писменото соопштение од Судот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа