Манчини доби отказ
Раководството на сеуште актуелниот англиски шампион Манчестер Сити одлучи да го отпушти тренерот Роберто Манчини, откако клубот сезонава не исполни ниту една од зацртаните цели.
Манчестер Сити не ја одбрани шампионската титула, испадна од Лигата на шампионите во многу рана фаза, а во неделното финале на „Вембли“ загуби од аутсајдерот Виган.
Во образложението за ваквиот потег на управата на „Граѓаните“ сезонава е оценета како неуспешна, а како единствена светла точка е констатирано обезбеденото учество во Лигата на шампионите идната сезона.
На последните две средби од Премиер лигата, Манчестер Сити ќе биде предводен од Брајан Кид, досегашен член во стручниот штаб на Манчини.
Како замена за италијанскиот стручњак во англиските медиуми се споменува името на Мануел Пелегрини, чилеанскиот стратег кој во моментов е тренер на Малага .