Автомобил се преврте во река, нуркачи ги вадеа безживотните тела - Страшна несреќа во Хрватска
Ужасна несреќа синоќа ги потресе Хрватска, но и регионот, кога во близина на градот Подградина, три лица заминаа во смрт.
Според податоците објавени од хрватските медиуми, во 23:03 часот, полицијата добила повик дека возило излетало од патот и завршило во коритото на реката Мала Неретва, каде веднаш се упатиле полицијата, Брзата помош и нуркачи.
Возилото било превртено во реката, а за жал нуркачите можеле само да ги извадат безживотните тела на три лица, родени 1977, 1948 и 1964 година, сите жители на селото Комин, кои биле на задното седиште на автомобилот.
- „Во коритото на реката Мала Неретва, нуркачите пронајдоа возило превртено на покрив. Со помош на кран за влечење, автомобилот беше извлечен од реката во 01:30 часот“, соопшти полицијата.
Телата се предадени на обдукција, се очекуваат повеќе детали за несреќата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа