Тешка сообраќајка во Македонија - Има повредени
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчеравечер на патот Гостивар-Скопје.
Според информациите на 24инфо, на патот Гостивар – Скопје, поточно во близина на ресторанот „Империјал“, се судриле возила, а има и повредени лица, кои биле транспортирани во болница, но засега не се знае нивната состојба.
Полицијата извршила увид, а повеќе информации за состојбата на повредените и тоа како дошло до несреќата, се очекуваат во текот на денешниот ден.
05.05.2025 - 08:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа