Дивеел со 111 км на час на место каде е дозволено 50 - Македонската полиција го фати
На возачите во Македонија не им доаѓа памет и покрај засилените контроли и високите казни за сообраќајните прекршоци.
Така, МВР денеска информира дека на 27.04.2025 во 16.10 часот на регионалниот пат Тетово-село Јажинце, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Н.Л.(49) од Тетово, затоа што управувал патничко моторно возило ,,хонда“, со тетовски регистерски таблици, со брзина од 111 км на час на место каде максимална дозволена брзина е 50 км на час.
Н.Л. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде изготвен соодветен поднесок по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа