Каде наврна најмногу дожд изминатите 24 часа? - УХМР со лоши вести и за денеска
Во Прилеп наврнало најмногу дожд во измиантите 24 часа - 16 литри на квадратен метар.
Според мерењата на УХМР за наврнат воден талог до 8 часот по изминато деноноќие, 15 литри на квадратен метар се измерени во Пожаране, 14 во Тополчани и Пожар, 12 во Виница, 11 во Штип, 10 литри во Гевгелија, 8 во Скопје-Петровец, 7 во Велес и Берово, 6 во Крушево и Тетово, 4 литри на квадратен метар во Кавадарци и на Попова Шапка, 3 во Струмица, Демир Капија, Маврови Анови, Охрид и Битола, 2 во Претор и 1 литар во Скопје-Зајчев Рид и Лазарополе.
Како што соопшти УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните и јужните делови од земјава ќе има повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне 23 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа