ФОТО: Автомобилот смачкан, од него не остана ништо - Душан загина во тешка сообраќајна несреќа во Србија
Страшна сообраќајна несреќа ја потресе Србија кога младо момче го загуби животот на 26. април околу 22 часот.
24-годишниот Душан А. од Апатин, загинал во тешката сообраќајна несреќа која се случила кога на автомобилот марка „Фолсваген Пасат" кој се движел на главен пат, налетал автомобил марка „Голф 6", од споредна улица.
Душан кој бил во Пасатот се здобил со тешки телесни повреди, од кои за жал починал.
Неговиот пријател С.Ш. кој бил со него во возилото и управувал со него, поминал со полесни повреди. Момчето има 26 години.
Полесни повреди има и возачот на Голфот, 19-годишниот Д.С: од Сомбор.
Неофицијално, во автомобилите за време на несреќата имало вкупно седум лица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа