Руски дронови ја тероризираат Украина: Има загинати и голем број повредени

 


Руско беспилотно летало удрило во автобус со работници во украинскиот град Марханец рано утринава, при што загинале најмалку девет лица во бранот напади чија цел била цивилната инфраструктура во источна, јужна и централна Украина, соопштија официјални лица.

Целосниот обем на нападот, кој ги држеше будни Киев и источната половина на Украина неколку часа во текот на ноќта, не беше веднаш познат.

„Русите нападнаа автобус со вработени во компанијата кои одеа на работа во Марханец“, изјави на Телеграм Микола Лукашук, претседател на регионалниот совет на Днепропетровск.

Серхи Лисак, гувернер на регионот Днепропетровск, кој го опфаќа Марханец, во централна и јужна Украина, рече дека девет лица загинале, а најмалку 30 се повредени во нападот.

Украинската служба за итни случаи соопшти дека имало и напад на квартот Синелникевски во областа Дњепропетровск, во кој две лица се повредени, а избувнал пожар во земјоделско претпријатие.

Русија, исто така, изврши „масовен“ напад со беспилотни летала врз централниот украински регион Полтава, при што беа повредени најмалку шест лица, соопшти службите за итни случаи во објава на апликацијата за пораки Телеграм.

„Само цивилната инфраструктура на градот беше под непријателски напад“, објавија службите за итни случаи на Телеграм.

Избувнале неколку пожари кои оштетиле станбени згради, деловни објекти, магацини и гаражи, информираат од службите за итна помош, објавувајќи фотографии од пожарникарите кои ноќе се борат со пламените јазици.

Две лица се повредени во напад со беспилотно летало врз цивилна инфраструктура на периферијата на пристанишниот град Одеса на Црното Море, кој исто така предизвика неколку пожари, изјави на Телеграм Олех Кипер, гувернер на јужната украинска област Одеса.

Големи пожари избувнаа и како резултат на напад на руски дрон врз вториот по големина град во Украина, Харков, изјави градоначалникот Ихор Терехов на Телеграм.

Единиците за противвоздушна одбрана исто така беа ангажирани во одбивањето напади врз регионот на Киев, но нема извештаи за потенцијална штета.

Засега нема коментар од Русија за нападите.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нејзините единици за противвоздушна одбрана во текот на ноќта уништиле 11 украински беспилотни летала над неколку руски региони и над Кримскиот Полуостров. Регионалните гувернери изјавија дека нема извештаи за непосредна штета.

Руски дронови ја тероризираат Украина: Има загинати и голем број повредени

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега