Мајка на загинатo момче од Кочани: Ги пуштивте убијците на нашите деца да си го дочекаат празникот со семејствата, а ние на гробишта

 

Семејствата на загинатите во трагедијата во кочанската дискотека денеска излегоа на трет марш низ градот, со цел да побараат правда и одговорност за смртта на нивните најблиски. Протестниот марш започна од Градскиот парк во Кочани и продолжи кон Општината и полициската станица во градот.

Дел од родителите на починатите му порачаа на Обвинителството да не ја одолговлекува истрагата.


-Ги пуштивте убијците на нашите деца затоа што сте корумпирани – да си го дочекаат празникот со нивните семејства. Дали знаете каде ние ќе го дочекаме празникот? Не знаете. Еве ќе ви кажеме: доручек, ручек, вечера на гробишта…Дали нашите ангели го заслужуваат тоа? Ова е крвта што ни ја зедовте од нашите деца, изјави мајката на диџејот кој загина во дискотеката.

Присутните жалат што децата биле оставени сами на себе, при што обвинија дека полицајците не сакале да помогнат во извлекувањето на настраданите.

19.04.2025 - 14:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега