Преку 5.000 петарди “пукнаа“ право во рацете на полицијата
Во текот на вчерашниот ден, полицијата успеала да заплени вкупно 5.659 пиротехнички средства.
Како што информираат од МВР, полицијата “уловила“ 3.976 петарди, 86 ракети и два топовски удари кои се продавале на тезгата на 43 годишниот стружанец Ќ.Д. на градскиот пазар во Струга.
Во рацете на полицијата паднале и 1595 пиротехнички средства, кои биле пронајдени во домотна 42 годишниот Т.Ѓ. од Свети Николе.
По целосно документирање на случајот против Ќ.Д. и Т.Ѓ. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
31.12.2013 - 15:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа