Полицијата влезе во Охрид - Приведено едно лице
Во текот на вчерашниот ден во 11.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 26-годишниот Х.Б. од охридското село Косел.
МВР информира дека при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана и други предмети со остатоци од марихуана.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
09.04.2025 - 09:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа