Муртезани и Рокас: Планот за раст и реформите носат конкретна европска перспектива
Планот за раст и реформите носат конкретна европска перспектива за граѓаните и економијата.
Денес, министерот за европски прашања Орхан Муртезани и амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Михалис Рокас, одржаа заедничка прес-конференција на која ги презентираа главните аспекти од Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда 2024-2027 за Македонија.
Амбасадорот Рокас ја нагласи силната поддршка од Европската Унија преку конкретни финансиски и стратешки мерки кои ќе овозможат забрзување на реформите, подобрување на социо-економските услови и приближување на Македонија кон членството во ЕУ.
Министерот Муртезани се осврна на значењето на јасната, транспарентна и ефективна комуникација со граѓаните, претставувајќи го Планот за комуникација и видливост на Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда 2024 - 2027 на Македонија. кој е наменет за зголемување на довербата во реформските процеси и поголема видливост на конкретните придобивки од евроинтегративниот процес.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа