ОЈО ја продолжува истрагата за пожарот во Кочани

 

Основното Јавно Обвинителство презема повеќе дејствија во врска со пожарот во дискотеката "Пулс" во Кочани, каде загинаа 59 лица, додека повеќе од 160 се повредени, а некои се во тешка состојба. Дел од нив се лекуваат низ Клиниките во Македонија, а дел се во странство.

- Денеска се преземаат повеќе дејствија, меѓутоа во интерес на постапката во овој момент не можат да бидат споделени со јавност. Увидните дејствија на лице место се завршени, но местото е се уште обезбедено и се работи на записникот од увид, изјавуваат од ОЈО за случајот.

Пожарот кој настана во дискотеката "Пулс" во Кочани, каде загинаа 59 лица, додека повеќе од 150 се повредени, ја зави во црно цела македонската, балканска и светска јавност. Во нашата држава е прогласена седумдневна жалост. 

Пулс немал хидрантска мрежа, ималo само два ПП апарати, вратата на заедниот дел била затворена и без квака од внатрешната страна, а објектот бил непрописно обложен со материјали за звучна изолација и за визуелни ефекти со лесно согорливи материјали. 

За време на седумдневната жалост што ја прогласи Владата, знамињата се на половина копје, откажани се сите музички, забавни активности и настаните во установите од областа на културата, а прилагодена е и програмата на медиумите. Отворени се книги на жалост во Собранието, во МНР и во македонските амбасади низ светот.

19.03.2025 - 08:22

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега