ВМРО: СДСМ и ДУИ и трагедијата ја делат на наши и ваши
Борбата против криминалот нема боја, раса и припадност. Иако за жал за СДС и ДУИ има. Тие и од оваа тема делат на наши и ваши, на Македонци и Албанци. Ова денеска го велат ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение за јавноста.
- За разлика од нив, ова за нас, но и за сите граѓани е борба на народот против корумпираните кои создадоа чудовиште од системот кој убива поради корупција, велат ВМРО.
Велат од партијата која стана колевка на криминалот нема осуда, и нема оградување. Но, тоа нема да ги спаси од одговорност.
17.03.2025 - 08:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа