Две лица од Гевгелија преживеале хорор: Ги киднапирале, ги тепале и ги принудувале да признаат кражба на новчаник
Вчера во 16.00 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија го лишиле од слобода М.П.(28) од Гевгелија.
Тој се сомничи дека истиот ден заедно со П.И.(25) од Гевгелија и уште едно лице од Гевгелија со употреба на сила внеле две лица од Гевгелија во возилото, кое го управувал М.П., физички ги нападнале и ги присилувале да признаат дека одзеле паричник од женско лице, по што ги ослободиле. Во просториите на Полициската станица Гевгелија бил повикан и П.И. со кого бил извршен службен разговор.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа