ВИДЕО: Камион се преврти на Плетвар - возачот го вадат низ прозор
Камион со скопски регистарски ознаки денеска излета од патот Кавадарци-Прилеп и падна во дол во близина на селото Раец. Според очевидци, возачот и совозачот биле извлечени од случајни минувачи и мештани, кои веднаш притрчале на помош.
На снимка испратена до порталот „24инфо“, се гледа како двајцата мажи успеваат да излезат од превртениот камион. За среќа, и покрај драматичниот пад, тие не се здобиле со повреди.
Причините за несреќата засега не се познати, а надлежните служби ќе спроведат истрага за утврдување на околностите под кои се случил инцидентот.
11.03.2025 - 17:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа