Митева: Македонија ќе води дипломатија со интегритет и ќе се претставува во најдобро светло
На синоќешната емисија во „24 анализа“ на ТВ24, гостуваше портпаролот на Владата и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева. Таа говореше за надворешната политика на Владата, позициите на Владата и односот кој го имаме со нашите стратешки партнери САД и за тоа дека работите што се случуваат во дипломатијата и сите чекори што ги преземаат и премиерот и министрите за продлабочување на нашите преговори со ЕУ и САД, не се работи коишто можат да се направат од денес за утре, туку дека треба време.
Митева истакна дека лошите надворешни политики кои ги воделе СДС и ДУИ, изминатите години, ќе треба повеќе време да се средуваат проблемите што се наталожувале. Таа истакна дека Македонија нема повеќе да води политика како до сега и дека нема да се преземаат чекори кои ќе и наштетат на државата.
„Ќе имаме една конзистентна линија, јас верувам во една дипломатија со интегритет за којашто континуирано зборувавме, дека ќе се претставуваме во најдобро можно светло. И јас не можам да си поверувам дека вие сте политичка партија на којашто ви пречи посетата на претседателот на Владата во САД, а бевте политичка партија којашто имаше премиер којшто зборуваше со пранкери, јас никогаш тоа не можам да го разберам“, потенцираше Митева.
Митева го истакна фактот дека СДС се служи со лаги и манипулации, наместо да честита на успесите на Владата за продлабочување на соработките со ЕУ и САД. Таа додаде дека Македонија добива континуирана поддршка од земјите членки на ЕУ, за како што рече таа, говорејќи ја вистината и презентирајќи ја македонската приказна.
„Континуирано добиваме конкретни поддршки, кога ја презентираме вистината за тоа што сме направиле, како сме направиле, како сме стигнале до таму и дека навистина бараме да се почитуваат европските вредност, во однос на сите тие состојби, како Македонија ја добиваме таа поддршка“, заклучи Митева.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа