Лефков: Дебакл на СДС, Филипче не знае што му подметнуваат, а партијата спинува со изјави стари 2 години

 

Венко Филипче кој излезе и даваше предлози за меѓународно позиционирање на државата, или не знаеше дека Македонија гласала унисоно со САД, или свесно манипулираше, истакна на прес-конференција Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, самиот СДС од Венко Филипче вчера направи кловн за потсмев.

„Доколку Филипче, знаел дека Македонија гласала исто како САД, тогаш свесно манипулира и наместо да се однесува како претседател на партија, се однесува како шибицар на Камени мост од 90-тите.
Фрапирани сме од погледите на СДС дека народот би паднал на такви евтини трикови.
Но очигледно упорноста кај СДС зазема други граници, па во ист ден се обидоа по втор пат со ист трик.Нецели два часа откако си го избрукаа претседателот, пуштија соопштение, чист спин со најдолна лага презентирајќи 2 години стар став на заменик министерката Викторија Трајков за владата на Ковачевски како сегашен, и за владата на ВМРО-ДПМНЕ“, додаде тој.

Партијата прави кловн од сопствениот претседател и партија која се служи со чисти спинови, оценува Лефков.

Прашува, дали било кој може повеќе било што да верува од СДС и Венко Филипче?

И СДС и Филипче, појаснува Лефков, покажаа дека немаат ниту идеи, ниту политики, а политичкото дејствување им е насочено на купи ден продај, со лаги, манипулации и одбрана на криминалци и корумпирани функционери од нивната власт и правосудството.

 
27.02.2025 - 13:19

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега