Мицкоски му одговори на Филипче: Ме обвинуваа дека сум анти-НАТО и анти-ЕУ, сега им пречи што имаме одлични релации со администрацијата на Трамп
Премиерот Христијан Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање рече дека потегот на македонската Влада во Обединетите Нации да остане воздржана на двете резолуции, едната од ЕУ и Украина, и втората од САД, а коспонзорирана од Македонија, бил координиран со Вашингтон.
Откако претходно првиот човек на СДСМ, Венко Филипче кажа дека надворешната политика на државата е импровизација, Мицкоски вели дека тој имал најмалку кредибилитет да зборува за надворешната политика бидејќи претходната Влада не бирала средства и начин како да ја пониши Македонија.
-Во овие седум години претседател на ВМРО-ДПМНЕ и седум месеци претседател на Владата што не сум се изнаслушал, и за себе и генерално за политичката сцена. Тоа е коалицијата која изминатите седум години не бираше средства и начин да ја понижи и засрами Македонија, а притоа не бираше средства и начин да се себебогати, на грбот на граѓаните. И овие луѓе имаат најмалку кредибилитет да зборуваат, посебно за нашата меѓународна активност и посебно за нашите релации со администрацијата на претседател Трамп. Ќе ве потсетам како ме обвинуваа дека сум анти-НАТО, анти-Европа, проруски, што сега им пречи што имаме исклучително добра соработка со новата администрација на претседателот Трамп, рече Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа