Инцидент на денешната велосипедска трка во Куманово - прегазени двајца малолетни велосипедисти
Кумановец со „фолксваген пасат“ удрил во двајца малолетни велосипедисти додека се подготвувале за денешната велосипедска трка која се одржува во рамкиите на европските младински олимписки игри, информираше денеска СВР Куманово.
Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцаta велосипедисти, констатирани во општа болница Куманово.
- Вчера во 12: 09 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на село. Зубовце, кумановско, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(42) од Куманово, удрило во двајца малолетни велосипедисти од Исланд, кои се учесници на младинските европски олимписки игри кои се одржуваат во земјава и кои се подготвувале за денешната велосипедска трка, соопшти полицијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа