Драма во Куманово: Приведени сопружници за кражба на бебе, ја пречекале мајката на излегување од болница
Сопружници од Арачиново бил приведен откако кумановка пријавила дека не сакале да ѝ го вратат бебето кое им го дала привремено да престојува кај нив.
Вчера во 19.30 часот во СВР Куманово, М.М.(41) од Куманово пријавила дека А.М.(39) и неговата сопруга А.М.(35) од с.Арачиново, скопско, не ѝ го давале нејзиното новороденче, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Според пријавеното, пред околу четири месеци, додека била бремена, се запознала со сопружниците, кои ѝ понудиле финансиска помош откако ќе се породи.
– Како што е пријавено, таа се породила на 18.02.2025, а на 20 излегла од болница и била пречекана од А.М. и А.М., кои и предложиле да потпише изјава кај нотар за да може бебето неколку дена да остане кај нив, додаваат од полицијата.
Исто така, според пријавеното, на 21.02.2025 таа го оставила бебето во нивниот дом и А.М.(39) и дал пари, а кога побарала на 23.02.2025 да си го земе, тој не ѝ го дал со образложение дека ќе остане кај нив.
Ноќеска околу 01.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода сопружниците, велат од кумановската полиција.
Како што додаваат оттаму, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа