Починат донор помогна на младо момче - Извршена трансплантација на коскен дефект

 

Министерството за здравство денеска информираше дека извршена е трансплантација кај пациент на 28 годишна возраст, со руптура на преден вкрстен лигамент на десно колено, кај кој претходно е направена реконструкција на антеролатерален лигамент на истото колено.

- За реконструкцијата на преден вкрстен лигамент беше искористен алографт од пателарен лигамент, добиен од починат донор.Ова е шеста реконструкција на преден вкрстен лигамент на колено со користење алографт, изведена на Универзитетската клиника за ортопедија, велат од таму.

Оперативната интервенција ја изведе доц. д-р Алан Андоновски со својот тим асистенти д-р Мики Ѓорески и д-р Корнелија Ѓорѓиеска, анестезиолог д-р Мики Филев, д-р Ивана Колевска со анестетичар Гордана Захариева, инструментарка Кристина Реџеп и помошен персонал Шехиде Селмани и Дардан Селмани.

-Изразувам огромна благодарност и почит на медицинските работници и сите чинители кои учествуваат во процесите на трансплантација, особено до семејствата на донорите без чија хуманост и човекољубие не се возможни трансплантациите, вели проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

19.02.2025 - 10:45

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега