Малолетник среде бел ден нападнат во автобус на ЈСП - пробале да го избодат
Малолетник бил нападнат од двајца малолетници во автобус на ЈСП, завчера, на пладне.
Случајот бил пријавен од родител на нападнатото момче.
„Ѓ.С.(34) од Скопје пријавил дека на 11.02.2025 околу 13.00 часот во автобус на ЈСП, на подрачјето на Гази Баба, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници, при што еден од нив се обидел да го нападне и со остар предмет“, објави МВР во дневниот полициски билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
13.02.2025 - 16:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа