ВМРО: Договараа тендери во 4 очи - Филипче сака да биде како Заев
Венко Филипче не само што не се огради и дистанцира од политиките на Заев туку тој самиот признава дека сака да биде како Заев. Ова денеска преку соопштение за јавноста го велат од ВМРО-ДПМНЕ.
- Венко Филипче е продолжена рака на Заев и континуитет во катастрофалните политики на Заев. Политиките на Филипче не се ништо друго освен „како и до сега“, како што и самиот тврди „Ние водевме добри политики“. За Филипче добри политики се политики хаосот во здравството што го направија, креирањето на криминалните шеми на Онкологија од кои профити имаа Филипче и блиските до него. Филипче ги смета за добри политики и практики тоа што ги оставија пациентите без терапија, без лекови, во агонија и недостаток на медицински кадар, велат од владејачката партија.
Додаваат дека за Филипче добри политики се тоа што се договараа тендери во четири очи, тоа што СДС дозволи корупцијата да навлезе во секоја пора во општеството а криминалот енормно да се прошири, тоа што СДС ги остави учениците без учебници студентите без оброци, земјоделците со ниски откупни цени за производството.
- Филипче нема идеи, визија и стратегија за развој и унапредување на државата освен да ги копира лошите политиките на Заев кои го уништија животниот стандард на граѓаните, наведуваат ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа