ВИДЕО: Хурем повторно се појави на малите екрани
Турската актерка Мерием Узерли повторно се појави во улогата на султанката Хурем, но не во рамки на серијата „Величествениот“.
Таа овој пат се појави видео кое е снимено за маркетиншка кампања на „Citrus group“ и тоа за време додека Мерием се уште била дел од екипата на Сулејман Величествениот.
Според информациите кои ги пласираат турските медиуми, видеото се емитувало во Русија без знаење на продукцијата и со тоа биле прекршени многу закони.
Во видеото Хурем рекламира турско овошје.
28.12.2013 - 13:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа