Меси ќе биде фит за мечот со Атлетико Мадрид
Аргентинскиот волшебник Лионел Меси, најави враќање на фудбалските терени на 11 јануари, кога Барселона ќе ги измери силите со екипата на Атлетико Мадрид.
Медиумите пренесуваат дека каталонскиот фудбалер до тогаш во целост ќе ја санира повредата на бутниот мускул и ќе работи на подигнување на кондициската состојба.
Тренерот на шпанскиот шампион Херардо Мартино не сака ништо да ризикува со предвремено враќање на Меси во првиот состав и нема да смета на Аргентинецот за средбата со Елче на 5 јануари 2014.
Каталонците и Атлетико се двете водечки екипи на табелата во Примера со по 46 освоени бодови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа