Александар Џикиќ е новиот селектор на македонските кошаркари
Новото селекторско име во сениорската македонската кошаркарска репрезентација Александар Џикиќ ќе биде промовиран во понеделник.
Џикиќ неговата богата кариера ја започна како асистент на Душко Вујошевиќ во Паризат, освојувајќи четири национални титули по ред во периодот од 2002 до 2005 година.
Во 2005 година заминува во НБА лигата, каде како асистент во Минесота Тимберволвс станува првиот тренер во историјата на НБА без претходно работно искуство во САД. Во текот на двегодишниот престој во НБА, работи и во тренерската екипа на Сан Антонио и Сиетл.
27.12.2013 - 16:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа